Mustafa Melih Ahıshalı
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот министер за разузнавање, Махмуд Алеви, потврди дека е убиен нарачателот на терористичките напади врз иранскиот парламент и мавзолејот на поранешниот ирански верски лидер, ајатолахот Хомеини, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Лицето кој ја дал наредбата за терористичките напади во Техеран е убиено од страна на разузнавачките служби“, рече Алеви за иранската државна телевизија.
Тој нагласи дека во последните три месеци се идентификувани 25 терористички структури.
Во Техеран, на 7 јуни дојде до напад врз зградата на иранскиот парламентот, и до напад пред мавзолејот на поранешниот ирански верски лидер, ајатолахот Хомеини.
Безбедносните сили ги убија сите напаѓачи кои учествуваа во нападите врз зградата на иранскиот парламент, додека пред мавзолејот на Хомеини е изведен самоубиствен бомбашки напад.
Иранската државна телевизија објави дека во нападите во Техеран загинале 22 лица, вклучувајќи ги и петмината напаѓачи. Повредени се 52 лица.
Одговорноста за нападот го презеде терористичката организација ДЕАШ.