Haydar Karaalp
26 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
БАГДАД (АА) - ХАЈДАР КАРААЛП -
Помилувањето што американскиот претседател Доналд Трамп го даде за 4 платени војници, кои како дел од компанијата за безбедност „Блеквотер“ (Blackwater) убија цивили во Багдад, главниот град на Ирак во 2007 година, наиде на реакција од роднините на убиените и ранетите во тој инцидент.
Абдурахим Емир, кој има повреда на левата нога откако беше ранет во масакрот што се случи на плоштадот „Нусур“ во Багдад во 2007 година, зборуваше за Агенцијата Анадолија (АА) во врска со настаните што се случија на 16 септември 2007 година.
„Во минибусот со кој одев кон својот дом заглавивме во сообраќајниот метеж на плоштадот Нусур. Во тој момент беше отворен наизменичен рафален оган врз возилата што беа застанати поради сообраќајниот метеж“, рече Емир и додаде дека во тој настан е ранет на три места во левата нога, поради што цел живот ќе остане инвалид.
- „Настанот траеше повеќе од 40 минути“ -
Изјавувајќи дека целиот инцидент траел повеќе од 40 минути, Емир го критикуваше односот на тогашната Влада, предводена од Нури ал-Малики, кон убиството и истакна: „Ставот на Владата беше како човекот што ја предводеше, дури и од него понеуспешен и засрамувачки.“
Емир продолжи со зборовите:
„Околу еден час по убиството, дојдоа возила на Брзата помош и нè пренесоа во болниците. Кои се извршителите на инцидентот дознавме неколку дена подоцна во вестите објавени во печатот. Немаше ниту една убедлива причина за извршеното убиство. Во тоа време се тврдеше дека инцидентот во Нусур се совпаднал со нападот што е извршен врз американски воен конвој недалеку од местото на плоштадот во Багдад. Сите убиени и ранети беа цивили. По долгиот престој во болниците, истражните органи дојдоа од САД и ги зедоа нашите изјави. Затоа бевме одведени во САД. Во координација со Амбасадата на САД во Багдад бевме испратени на третман во Турција.“
- „Одлуката на Трамп е разочарувачка“ -
Истакнувајќи дека е засрамувачка одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги помилува четворицата платеници од „Блеквотер“, одговорни за убиството во Багдад во 2007 година, Емир рече:
„Одлуката за амнестија не беше изненадувачка. Трамп се обидуваше да создаде хаос насекаде низ светот за време на неговото владеење и го продаде Ерусалим. Бев вознемирен, незадоволен и разочаран од одлуката. Повеќе од половината од светот покажа солидарност со нас. Настанот што го доживеавме беше вистинска трагедија. Пред моите очи доживеав вистински катастрофи како што беа ‘смртта на една докторка со нејзиниот син’ и ‘убиството на мајката која се бореше да го подигне својот син од подот. Сè уште врз себе ја чувствувам тешката психоза на убиствата на кои бев сведок, а поради интензивното бомбардирање и ползењето по земјата имам вкочанетост во левиот дел од главата. Нема тукутака да го оставам овој инцидент и откако Џо Бајден ќе ја преземе фунцијата, ќе ги пробам судските патишта и имам надеж.“