Mahmoud Barakat
27 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
НИНЕВА (АА) - Здружените ирачки сили веќе четврти ден по ред спроведуваат операција за расчистување на преостанатите елементи на терористичката организација ДЕАШ во пустинските предели на северната провинција Нинева, јавува Anadolu Agency (AA).
„Војската, полицијата и Хашд ал-Шаби ја чистат пустината во Нинева од терористите на ДЕАШ. Исчистивме десет нови локалитети и убивме најмалку 19 терористи“, изјави за АА бригадирот на ирачката полиција, Џавад ал-Алуши.
Очистеното подрачје се протега на пет квадратни километри ненаселена пустина, вклучувајќи ја и патната комуникација кон подрачјето на Хавиџа.
„Откривме и уништивме 33 засолништа на ДЕАШ и 14 тунели. Операцијата ќе трае сѐ додека не ги елиминираме сите преостанати елементи на ДЕАШ до границата со Сирија“, порача Ал Алуши.
Во изминатите неколку месеци, ДЕАШ доживеа голема несреќа во Сирија и Ирак, каде што во 2014 година зазеде големо подрачје.