Haydar Hadi
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
БАГДАД (АА) - Ирачките воздухопловни сили остро изведоа жестоки воздушни напади врз терористите на ДЕАШ во соседна Сирија, јавува Anadоlu Agency (AA).
„Со наредба на премиерот Хајдар ал-Абади, херојските воздухопловни сили на Ирак извршија жестоки напади на позициите на кои се наоѓаа челниците на ДЕАШ во сирискиот регион на Eл-Дeшише“, се вели во соопштението на федералната ирачка Влада.
Ирачките сили претходно изведуваа воздушни напади врз терористите на ДЕАШ во Сирија, а тоа воглавно беа напади во пограничните региони богати со нафта.