Ali H. M.Abo Rezeg
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку 20 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во воздушен напад на ирачките сили недалку од границата на Ирак и Сирија, соопшти ирачкото министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството е наведено дека цел на дејствувањето на авијацијата било подрачјето на Тал Сафук, во близина на границата на Ирак со Сирија.
Капетанот на ирачката војска Џабар Хасан во изјава за АА нагласи дека терористите настојуваат да се прегрупираат на пограничното подрачје.
Ирачките сили, претходно овој месец, од терористите на ДЕАШ го ослободија градот Мосул, кој терористите го држеа уште од 2014 година.