Ekipa
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ХАСЕКА (АА) - Со испраќање на околу 100 камиони со оружје и воена опрема Соединетите Американски Држави (САД) продолжија со испорака на воена помош за терористичка организација ПКК/ПЈД, под изговор за борба против терористите на ДЕАШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јави репортетрот на АА, околу 100 камиони синоќа ја минале ирачката граница и влегле во Хасека во Сирија, град под контрола на терористичката организација ПЈД/ЈПГ, инаку огранок на терористичката организација ПКК во Сирија.
Во конвојот се наоѓаа и оклопни возила од типот „Hummer“ и други теренски оклопни воени возила.
САД на 5. јуни на терористите на ПКК/ПЈД им испорачаа 60 камиони со оружје и воена опрема, на 12. јуни 20, на 16. јуни 50 камиони и на 21. и 26. јуни вкупно 120 камиони полни со оружје, муниција и воена опрема. Понатаму, на 5. јули се испорачани 82 камиони, на 9. јули 102, на 13. јули 95, на 17. јули 100, на 22. јули 100 и на 27. јули до 80 камиони со воена опрема, оружје и муниција за ПКК/ПЈД.
Според документот кој од Пентагон на увид го доби новинарот на АА, на листата на воена опрема и оружје наменети за ПКК/ПЈД има и 12.000 пушки од марката „калашников“, шест илјади митралези и 3,5 илјади парчиња автоматско оружје со голем калибар. На листата има и илјадници парчиња противтенковско оружје.
Листата вклучува и 235 минофрлачи, 100 снајперски пушки, 450 дурбини за ноќно набљудување и 150 ласерски нишани.
САД соопштија дека операцијата за Рака е започната на 6. јуни оваа година, но познато е дека доставувањето на помош на терористичката организација ПКК/ПЈД започна во април 2016 година.