?kipa
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - „WikiLeaks“ на својата веб-страница објави повеќе од 20.000 е-мејлови од кампањата на францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници е-мејлови сега може да се пребаруваат на веб-страницата на „WikiLeaks“ (Викиликс).
Пораките од електронската пошта на францускиот претседател предизвикаа забуна кога првично беа објавени два дена по вториот круг на избори на 7 мај. Актуелниот претседател ја водеше тогаш борбата против кандидатката на радикалната десница Марин Ле Пен.
За разлика од „протекувањето” кое ја потресе американската претседателска трка, објавувањето на пораките во Франција не немаше големо влијание врз изборите. Макрон убедливо ја надмина Ле Пен. Пораките ги користеше францускиот печат, а „WikiLeaks“ сега би можел да привлече додатно внимание на нив.
Од француската агенција за кибер безбедност „ANSSI“ во јуни рекоа дека не постојат докази кои укажуваат на директен виновник за хакирањето. Соопштија дека тоа би можело да биде кој било.