Ali H. M.Abo Rezeg
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
БАГДАД (АА) - Ирачката армија денес лансираше две операции, со цел расчистување на милитантите на ДЕАШ во запуштено подрачје во западниот дел на Ирак, во близина на сириската граница, вели воен офицер, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за АА, ирачкиот командант Махмуд ал Фалахи изјави дека првата операција била со цел расчистување на милитантите во областа јужно од градот Рутба.
Тој изјави дека втората операција била насочена кон јужната страна на езерото Ал Тартар, во областа северно од покраината Анбар.
„Безбедносните сили се обидуваат да ги фатат и уапсат терористите кои се кријат во пустинската област од каде што лансираат напади“, вели тој.
Во декември минатата година, официјалните претставници во Багдад објавија дека военото присуство на ДЕАШ не било уништено. Се чини дека озлогласената терористичка група сè уште има активно присуство во делови од северен и западен Ирак.