Bakir Tiro
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
ВИЕНА (AA) - По синоќешниот пораз на фудбалската репрезентација на Србија од Швајцарија (1 : 2) во второто коло од групата Е, на Мундијалот во Русија, Србите кои живеат во австриската престолнина ја нападнаа полицијата во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради споменатиот натпревар се зајакнати безбедносните мерки на улиците на Виена, каде што се собраа голем број навивачи на Србија, кои во бројни угостителски објекти преку тв-екраните го следеа мечот од Калининград.
„По завршувањето на средбата, навивачите, незадоволни од поразот, ги гаѓаа полицајците со шишиња и пиротехнички средства. Во нередите, поради кои е ангажиран и полициски хеликоптер, оштетен е полициски службен автомобил. Немаше повредени. Уапсени се четворица Срби, на возраст од 19 и 20 години“, соопшти виенската полиција.