Seyit Aydoğan
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
ОТАВА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп упати писмо до канадскиот премиер Џастин Трудо, во кое од Канада, како членка на НАТО, бара да издвојува повеќе средства за одбраната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канадската новинска агенција „Канадиан прес“ (Canadian Press) објави дека на 19 јуни Трамп пратил писмо до Трудо во кое наведува дека САД се разочарани од одредени сојузници кои ветиле дека ќе издвојуваат повеќе средства за одбрана во рамките на НАТО.
„САД не сакаат да ги затвораат очите пред неуспесите, кога е во прашање борбата против заедничките безбедносни проблеми на НАТО“, истакна Трамп.
Тој го пофали одбранбениот придонес на Канада во Ирак, Сирија, Авганистан и во мировните мисии на ОН, и додаде дека овие придонеси не значат дека не треба да се исполнуваат претходно дадените ветувања за потребите на НАТО.
„Канада е еден од најискусните сојузници во целиот свет, а дел од средствата кои Канада ги издвојува за одбраната на НАТО е помал од 2 отсто. Ова ја нарушува безбедноста на Сојузот, а истовремено ги поттикнува и останатите сојузници кои не ги исполнуваат обврските за издвојување средства за НАТО“, порача Трамп.