Ahmet Gürhan Kartal
22 Мај 2024•Ажурирај: 23 Мај 2024
ЛОНДОН (АА) - Ирска денес официјално ја признава Палестина како држава, објави премиерот Сајмон Харис на прес-конференција во Даблин, јавува Анадолу.
Харис рече дека одлуката е донесена минатиот месец и дека тој потврдил дека Ирска го презема овој чекор заедно со Шпанија.
„Денес, Ирска, Норвешка и Шпанија објавуваат дека ја признаваме државата Палестина“, рече тој, додавајќи: „Секој од нас сега ќе ги преземе потребните национални чекори за таа одлука да се спроведе на дело“.
Харис рече: „Разговарав со голем број други лидери и колеги и уверен сум дека и други земји ќе ни се придружат во преземањето на овој важен чекор во наредните недели“.
„Ова е историски и важен ден за Ирска и за Палестина“, порача тој.