Cüneyt Karadağ
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
БЕРЛИН (АА) - Истражување спроведено во Германија покажа дека довербата во демократијата во земјата е намалена и дека 23 отсто од граѓаните сметаат дека земјата е на пат кон диктатура, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувањето спроведено од Институтот ИНСА покажа дека довербата во Владата ослабела за време на пандемијата на Ковид-19, пишува германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
Истакнато е дека некои размислуваат дури и да ја напуштат државата, а 23 отсто од граѓаните сметаат дека Германија е на пат кон диктатура.
Извршниот директор на ИНСА, Херман Бинкерт, изјави дека 20 отсто од оние што живеат на запад и 30 отсто од оние што живеат на истокот на земјата сметаат дека демократијата е загрозена.