Yusuf Özcan
05 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
ПАРИЗ (АА) - Во Франција е започната истрага околу исчезнувањето на претседателот на Меѓународната полициска организација (Интерпол), Кинезот Менг Хонгвеј, за кого од 29 септември досега нема никакви вести, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена на „Europe 1“ се соопштува дека за исчезнат се води Менг Хонгвеј, претседател на Интерпол со седиште во францускиот град Лион, и се додава дека е започната истрага.
Во веста се вели дека Кинезот Менг на 29 септември ја напуштил Франција, со цел да ја посети својата земја, и дека оттогаш не се остварени никакви контакти со него. Покрај тоа, во веста се наведува дека сопругата на Менг стапила во контакт со француските власти и дала изјава за полицијата.
Менг е избран за претседател на Интерпол во ноември 2016 година.