Ahmet Sertan Usul
05 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Вооружените сили на Турција (TSK) во операциите изведени во текот на минатата недела неутрализираа вкупно 68 терористи, вклучувајќи и двајца челни луѓе на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека во периодот од 28 септември до 4 октомври се изведени операции против припадниците на терористичката организација ПКК/КЏК на подрачјето на Ширнак, Сирт, Дијарбакир, Агрија и северен Ирак.
Наведено е и дека во спомнатите операции се неутрализирани 68 терористи, од кои 12 во земјата, а 56 надвор од земјата.
Освен тоа, во операциите на турските сили се уништени значителни количества оружје и муниција кои им припаѓале на терористите. Во соопштението се наведува дека во операциите загинале 9 војници и дека исто толку се ранети.
Наведено е и дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, на подрачјето на сирискиот Африн, неутрализирани се 4.584 терористи.
ПКК е сепаристичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.
Планините Ќандил, Гара, Метин, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат на северот на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важни за колевка на терористичкото движење ПКК.