Barış Seçkin
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
РИМ (АА) - Седум лица загинаа при потонувањето на чамец во кој се наоѓале нерегуларни мигранти во близина на островот Лампедуза, Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во утринските часови се случила нова мигрантска трагедија на отворено море, на 5 милји од брегот на островот Лампедуза, во Средоземното Море.
Според веста на новинската агенција АНСА (ANSA) во несреќата загинале 7 мигранти, меѓу кои и бремена жена.
Тимовите на италијанската Крајбрежна безбедност интервенираа, при што спасија 48 лица, додека 9 лица се водат како исчезнати.
Спасените мигранти, како и безживотните тела на 7 лица, се пренесени на островот Лампедуза.