Şenhan Bolelli
08 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
РИМ (АА) - Институцијата за конкуренција на Италија ѝ одреди парична казна од 10 милиони евра на социјалната мрежа Фејсбук (Facebook), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на оваа Институција се наведува дека на Фејсбук му е одредена парична казна од 10 милиони евра со образложение дека оваа социјална мрежа на нелегален начин ги користела личните податоци на корисниците за комерцијални/трговски цели.
Се вели дека Фејсбук ги прекршил членовите 21 и 22 од Законот за потрошувачка, и дека личните податоци на своите корисници ги користел за комерцијални цели, без да ги информира нив за тоа.