Ekipa
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
РИМ
Италијанската полиција заплени повеќе од 50 тони илегален огномет во Неапол и неговата околина во период од неколку недели пред новогодишните празници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во неколку акции на полицијата се запленети 52 тони огномет и приведени се 11 лица“, се вели во полициското соопштение објавено денеска.
Во соопштението се додава дека најголемото количество илегален огномет, дури 30 тони, се запленети во Џулијано, гратче недалеку од Неапол, а вредноста на запленетиот огномет се проценува на околу 500.000 евра.
Неапол е познат по повеќегодишната традиција на јавни и приватни огномети во новогодишната ноќ, поради што има голем број приведувања за време на „најлудата ноќ“.
Минатата година за време на новогодишните празници, низ цела Италија, и покрај забраната во многу градови, од огномет беа повредени 216 луѓе, а кои 44 беа хоспитализирани.