Yıldız Aktaş
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, порача дека утринскиот напад на САД е позитивен одговор на воените злосторства на режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин се осврна на утринскиот напад на САД, на воздухопловната база на Асадoвиот режим во сирискиот град Хомс, кој е поврзан со последниот напад со хемиско оружје во Идлиб.
„Утринскиот напад на САД врз воздухопловната база Шајрат во Хомс го гледаме како позитивен одговор на воените злосторства на режимот на Асад“, порача Калин
„Уништувањето на воздухопловната база Шајрат е мошне важен чекор во контекст дека нападите со хемиско и конвенционално оружје нема да останат без одговор. За да не дојде до слични злосторства, неопходно е итно да се формира зона на забранети летови и безбедносна зона“, нагласи Калин.
Воздухопловната база Шајрат е погодена со 59 проектили „томахавк“, утринава околу 5.00 часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови во дострел до погодената база. Пентагон наведе дека им е познато оти во базата има и руски војници и дека Русија во текот на денот била известувана за нападот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по ракетирањето на базата на Асад повика на поддршка на тој воен чекор.