Ahmet Emin Dönmez
09 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Љубителите на фудбалот што се собраа во Камерун, кој ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации, почнаа да се вакцинираат во кабините за вакцинација поставени во градовите каде што ќе се одиграат натпреварите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Африканскиот куп на нации минатата година беше одложен поради пандемијата на Ковид-19, додека оваа година улиците на оваа земја се преполнија со љубителите на фудбалот.

Камерунските навивачи одржаа прослави на улиците на камерунскиот главен град Јаунде, исполнети со танц и музика.
Откако беше соопштено дека на натпреварите што ќе се одиграат во Камерун во рамки на Африканскиот куп на нации, на стадионите нема да може да влегуваат лицата што не се вакцинирани против Ковид-19 и немаат негативен ПЦР-тест, љубителите на фудбалот почнаа да се вакцинираат во кабините за вакцинација кои се поставени во градовите каде што ќе се одиграат натпреварите.
Првиот натпревар на Африканскиот куп на нации ќе се одигра меѓу домаќинот на купот, Камерун, и Буркина Фасо.
Дел од овој турнир се 21 aфрикански фудбалер што играат за фудбалските клубови во Турција.