Seyit Aydoğan
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
КВЕБЕК (АА) - Џамијата во Исламскиот културен центар во градот Квебек, Канада, кој минатата недела беше цел на терористички напад е повторно пуштена во употреба, јавува Anadolu Agency (AA).
Во џамијата, пуштена во употреба по завршувањето на истрагата, денес за прват по 6 дена се изведе утринската молитва. Многумина муслимани се приклучија на утринската молитва.
- Поддршка со кордон од луѓе -
Канаѓаните кои се собраа околу џамијата напладне, ја обиколија џамијата фаќајќи се за рацете. Слични демонстрации за поддршка се оддржаа и во неколку други џамии низ државата.
Многумина Канаѓани положија цвеќиња околу џамиите, а некои од нив приложија свои донации во џамиите во рамки на случуваеата наречени „Отворена врата“ кои се оддржаа во џамиите овој викенд.
- Над 500.000 долари донации за семејствата -
Над 500.000 долари се собрани на двете отворени посебни сметки за донации наменети за семејствата на шестмината муслимани кои загинаа во терористичкиот напад минатата недела, како и за 19 лица ранети во нападот. На едната сметка за донации отворена од страна на „Исламик рилиф Канада“ (Islamic Relief Canada) се собраа 203.000 канадски долари, а на другата сметка отворена од страна на „Даванет Канада“ (Dawanet Canada) собрани се над 338.000 канадски долари.
- Телата на загинатите се однесени во нивните земји -
Телото на загинатиот Азедин Суфијан е однесено во Тунис, а телата на Мамаду Тану Бери и Ибрахима Бери се пренесени во Гвинеја.
По погребната церемонија телата на останатите тројца загинати во нападот, Халид Белкаџеми, Абделкерим Хасан и Ебубекр Табти, се погребани на муслиманските гробишта Лавал, во близина на Монтреал.