Ekipa
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху повика на меѓународно единство против Иран, откако иранската војска неодамна ги тестираше балистичките ракети од краток домет, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во дипломатската сфера имам за цел да ја нагласам потребата за заеднички фронт против иранската пркосна агресија, која е интензивирана во последните неколку денови”, изјави Нетанјаху.
Тој го изјави ова во пресрет на посетата на Лондон, каде што ќе се состане со британската премиерка Тереза Меј, за како што вели да се разбудат дипломатските, безбедносните, економските и технолошките врски.
Помеѓу Иран и Израел владее длабоко непријателство. Нетанјаху жестоко се противи на нуклеарниот договор од 2015 година помеѓу шест светски сили и Иран, според кој во Техеран се укинуваат санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.
Како што изјави, тој договор нема доволно да ги ограничи атомските активности на Техеран.
По тестирањето на балистичките ракети се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во четвртокот изјави дека на маса се сите опции против Техеран. Американската администрација во средата порача дека иранското тестирање балистички проектили претставува закана за регионот, но и за САД.