Serdar Bıtmez
13 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
ДОХА
Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдул Рахман ал Тани, денеска ја отфрли можноста за решавање на блискоисточната мировна криза преку арапско-израелските договори за нормализација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова се случи на вториот ден од Глобалниот безбедносен форум што се одржа во главниот град на Катар, Доха.
Ал Тани истакна дека регионалниот мировен процес нема никаков хоризонт и затоа Абрахамските спогодби меѓу арапските земји и Израел не можат да придонесат за решавање на кризата.
„Не гледаме перспектива за мировниот процес и затоа веруваме дека Абрахамските спогодби [потпишани од Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан со Израел] не можат да придонесат за решавање на кризата“, рече првиот дипломат.
„Не треба да се фокусираме на нормализација на економијата, а да заборавиме на [израелската] окупација на арапските земји“, додаде тој.