Hamdi Yıldız
13 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
ДОХА (АА) - Катар и Бахреин донесоа одлука повторно да воспостават дипломатски односи меѓу двете земји, пренесува Анадолу.
Според веста на катарската официјална новинска агенција „КНА“, оваа одлука била донесена на крајот на вториот состанок на Комитетот за набљудување меѓу Катар и Бахреин.
Комитетот одржа состанокот во канцеларијата на Генералниот секретаријат на Советот за соработка на Заливот со седиште во саудискиот главен град Ријад, на кој беше разговарано за темите од дневниот ред.
Двете страни нагласија дека чекорот за повторно воспоставување дипломатски односи е направен врз основа на развивањето на билатералните односи, заемната аспирација за поддржување на интеграцијата и единството на Заливот, почитта кон еднаквоста меѓу двете држави и почитувањето на сувереноста, независноста, територијалниот интегритет и принципите на добрососедство.
Со Самитот Ал-Ула, кој се одржа на 5 јануари 2021 година во Саудиска Арабија, беше ставен крај на бојкотот на Катар од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин. Но повторното воспоставување дипломатски односи беше одложено поради сѐ уште нерешените прашања меѓу Доха и Манама.