Fatih Erel
24 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Пет лица се повредени денеска, од кои две се потешко, кога човек со моторна пила ги нападна минувачите во швајцарскиот град Шафхаузен, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата соопштија дека нападот не е поврзан со тероризам и дека има интензивна потрага по напаѓачот, кој е во бегство.
Полицијата го идентификуваше човекот со запуштен изглед. Се верува дека вози автомобил марка Фолксваген со швајцарски таблици
По нападот, кој се случи утринава по 10 часа, се хоспитализирани пет лица, а две се во критична состојба.
Полицијата и екипите на брза помош се на терен, додека спасувачки хеликоптери кружат во близина на границата со Германија.