AA
12 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ТЕХЕРАН (AA) - Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, пристигна во иранската престолнина Техеран, каде што ќе одржи разговори со високи функционери, меѓу кои е и претседателот Хасан Рохани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова е прва посета на катарскиот емир од доаѓањето на власт во 2013 година.
Посетата следуваше во неделата во екот на зголемените тензии на Заливот, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, нареди напад со дрон во Ирак, при што е убиен Касем Сулејмани, водачот на единицата „Кудс“ на Иранската револуционарна гарда, и иранските возвратни ракетни удари врз американските бази во Ирак.
Државната новинска агенција на Катар (QNA) наведува дека разговорите ќе се насочат на „билатералните односи на двете земји и начините за нивно промовирање и унапредување, како и на најновите случувања во регионот, регионалните и меѓународните прашања од заемен интерес“.
Катар повика на смирување на регионалните тензии.