Sayed Khodaıberdı Sadat
12 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
КАБУЛ (АА) – Единаесет лица загинаа во поплавите во провинциите Кандахар и Хелманд на југот од Авганистан, предизвикани од обилните дождови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ахмед Бахир Ахмеди, портпарол на Гувернерството на Кандахар, во изјавата за медиумите рече дека неколкудневните обилни дождови предизвикале поплави во регионот.
Тој истакна дека осум лица загинале во поплавата, а дека 14 лица се повредени.
Портпаролот на Гувернерството на Хелманд, Омар Зувак, рече дека во областите Нуве и Каџаки животот го загубиле 3 лица, а дека 9 лица се повредени како резултат на поплавите предизвикани од обилните дождови.
Истакнувајќи дека врнежите од дожд продолжуваат, Зувак рече дека започнале со активности за да се обезбеди помош за лицата погодени од поплавите.