Zuhal Demirci,Tuğçenur Yılmaz
21 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АНТАЛИЈА/АНКАРА (АА) - Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, изјави дека и Република Турција има свои права во Источниот Медитеран, додавајќи дека Грција е свесна за тој факт, јавува Anadolu Agency (AA).
Катругалос престојува во официјална посета на Турција, а во Анталија утрово го прими турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
По билатералната средба министрите Чавушоглу и Катругалос им се обратија на новинарите и истакнаа дека разговарале за низа важни билатерални и регионални теми.
Истакнувајќи дека Грција верува дека билатералните спорови треба да се решаваат во рамките на меѓународното право, Катругалос рече дека се преземаат потребните активности, со цел релаксирање на постоечките тензии во регионот.
„Знаеме дека и Република Турција има одредени права кога станува збор за енергетските ресурси во Источниот Медитеран. Ние во тој контекст, ги поддржуваме и правата на Кипар на енергетските извори во тој регион. Свесни сме дека и Турција ги има тие права врз основа на меѓународните поморски норми“, рече Катругалос.