Halit Süleyman
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ДАМАСК (АА) - Бунтовниците во близина на Дамаск, соборија воен авион на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на групата „Jaysh Usul al-Sharqiya“ (Армијата на лавови од Исток), Саид ал-Хаџ, за АА истакна дека бунтовниците со противавионски проектил собориле авион на сириската армија под реден број 13.
„Станува збор за авион на режимските сили кој е погоден при изведување воздушни напади на територијата под контрола на бунтовниците. Авионот од типот SU-22 падна во пустинската област Ум Рамам источно од Дамаск“, рече Ал-Хаџ.
Судирите меѓу силите на режимот и опозицијата во тој дел на Сирија се интензивираа од почетокот на јуни оваа година, кога воздухопловните сили на Асад ги бомбардираат и населените места кои се под контрола на опозицијата.