Safvan Allahverdi
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски амбасадор во Турција изјави дека Вашингтон може да стори повеќе за да ги заузда мрежите поврзани со Фетула Ѓулен, кои во најдобар случај се нетранспарентни и во најлош случај, стојат зад обидот за државен удар (од 15 јули, 2016), јавува Anadolu Agency (AA).
Џејмс Џефри, кој истовремено беше и поранешен заменик-советник за национална безбедност во администрацијата на Џорџ Буш, говореше на конференција организирана од страна на Фондацијата СЕТА во Вашингтон.
Високиот дипломат, го опиша како засрамувачко континуираното присуство на Ѓулен на територијата на САД.
Ѓулен е баран од турските власти поради низа обвиненија што произлегоа од неуспешниот обид за државен удар во јули, минатата година, зад кој стои терористичката организација ФЕТО предводена од Ѓулен, кој живее во САД.
Мрежата на Ѓулен стои зад обидот за соборување на власта, како кулминација на долготрајната кампања на инфилтрирање во институциите на земјата, вклучувајќи ја и војската, полицијата и судството.
Во однос на прашањето дали Ѓулен ќе биде екстрадиран, Џефри истакна дека Анкара побара екстрадиција на Ѓулен, но американската администрација допрва треба да даде одговор кој ќе биде прифатлив за Турција.
„Срамен е фактот што Фетула Ѓулен престојува овде во САД“, додаде Џефри.
Тој предвидува дека правниот процес околу екстрадицијата на Ѓулен ќе продолжи некое време, поради природата на судскиот систем во САД.
Џефри тврди дека поранешниот претседател Барак Обама не одлучувал брзо и чекал да ги има сите факти пред да преземе акција, што довело, како што рече, до задоцнување на осудата на обидот за државен удар во Турција, од страна на САД.
„Тоа не е добро, бидејќи во такви околности мора да дејствувате веднаш, а ние не го сторивме тоа“, додаде Џефри.