Ekipa
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
САНА (АА) - Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во епидемијата на колера во Јемен, земјата разорена од војна, од април годинава починаа најмалку 1.732 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 21 провинција во Јемен пријавени се 313.538 случаи во кои се постои сомневање за колера, соопштија од СЗО.
Северозападната област Хајах е најмногу погодена од болеста, додека јужната област Сокорта останува единствена каде што епидемијата на колера не се прошири.
Сиромашната земја Јемен е зафатена од граѓанска војна уште од 2014 година, кога Хутите започнаа бунт во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници во 2015 година започнаа обемна воздушна кампања, која има за цел да ги ослабне воените сили и Хутите и да се формира Владата на Јемен.
Според официјални претставници на Обединетите нации, во војната во Јемен загинаа повеќе од 10.000 луѓе, а речиси два милиона се раселени.