свет

Кенија: Сиропиталиштето за слонови „Шелдрик вајлдлајф траст“, место за изгубените слонови во дивината

Овој центар е основан со цел да ги спасува слоновите кои се изгубени во дивината или одвоени од своите крда поради криволов

Aida Cako  | 18.11.2024 - Обновена : 20.11.2024
Кенија: Сиропиталиштето за слонови „Шелдрик вајлдлајф траст“, место за изгубените слонови во дивината

НАЈРОБИ (АА) – Во срцето на Националниот парк „Најроби“, сместен во главниот град на Кенија, се наоѓа сиропиталиштето за слонови „Шелдрик вајлдлајф траст“, јавува Анадолу.

Овој центар е основан со цел да ги спасува слоновите кои се изгубени во дивината или одвоени од своите крда поради криволов.

Во текот на своето 42-годишно постоење, сиропиталиштето успешно рехабилитирало повеќе од 230 сирачиња и ги вратило во нивното природно живеалиште.

Процесот на рехабилитација трае три години, за време на кои специјалните чувари постојано се грижат за малите слонови, обезбедувајќи им сигурност и љубов.

Слоновите живеат во посебни дрвени колиби каде што можат да одмораат и спијат, создавајќи им чувство на заштита.

Напорите на „Шелдрик вајлдлајф траст“ се од клучно значење, особено во услови на сè поголема загуба на популацијата на слонови поради криволов и уништување на нивните природни живеалишта.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.