Ekipa
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во метеж што настана за време на утринската пауза во основно училиште во централна Кина загинаа двајца ученици, а повеќе од 20 се повредени, соопштија официјални претставници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Метежот настанал кога група ученици направиле турканица во тоалетот за време на одморот, додека друга група ја туркала вратата во обид да влезе. Медиумите пренесуваат дека во еден момент, поради големиот притисок се срушил ѕидот на тоалетот и усмртил двајца ученици, а 20 се повредени.
Властите во покраината Хенан соопштија дека истрагата е во тек, но не дадоа повеќе детали за настанот.
Пренатрупаноста и лошата конструкција на училиштето и претходно биле причина во вакви случаи во кои загинаа или беа повредени ученици во кинеските училишта.
Во стампедото што настана за време на новогодишната прослава, на 1 јануари 2015 година, во Шангај загинаа 36 лица.