Кина во Пекинг гради огромна командна база за воени услови
Откако ќе стане оперативен, комплексот би можело да е најголемиот воен команден центар во светот – над десетпати поголем од Пентагон, според американските разузнавачи
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина гради огромен воен комплекс во западниот дел на Пекинг, за кој американските власти тврдат дека ќе служи како команден центар за време на војна кој би бил поголем од Пентагон, објави „Фајненшал тајмс“, пренесува Анадолу.
Сателитските снимки прегледани од американското разузнавање се од локација од 607 хектари во близина на главниот град, најверојатно дизајнирана со засилени бункери како засолништа на кинеските воени лидери за време на конфликт, вклучително и нуклеарна војна.
Откако ќе стане оперативен, комплексот би можело да е најголемиот воен команден центар во светот – над десетпати поголем од Пентагон, според американските разузнавачи.
Изградбата, која започнала во средината на минатата година, е дел од поширокиот план за модернизација на Народноослободителната армија, чија цел е проширување на нејзиниот нуклеарен арсенал, развој на ново оружје и подобрување на координацијата во сите воени домени, на копно, воздух, море, вселена, кибер и електронско војување.
„Главниот безбеден команден центар на Кина се наоѓа во Западните ридови, североисточно од новиот објект и е изграден пред неколку децении во периодот на Студената војна“, изјави за „Фајненшал тајмс“ поранешен американски претставник.
„Големината, обемот и делумната вграденост во земја на новиот објект укажуваат дека тој ќе го замени комплексот Западни ридови како примарен команден објект при воени услови“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.