Fuat Kabakçı
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 18 лица загинаа, а петмина се повредени во пожарот кој синоќа изби во ноќен бар во јужниот дел на Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пожарот се случи во бар во цетарот на градот Јингде во покраината Гуангдонг, а полицијата утринава го уапси 32-годишниот Лиа Чунла, кој е осомничен за предизвикување на пожарот.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ (Xinhua) објави дека уапсениот признал оти го предизвикал пожарот во пијана состојба и по тепачка со непознати гости во барот.
Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот, но најмалку 18 лица загинаа, а петмина беа повредени во барот, кој е еден од најпосетените локали во овој кинески град и во кој се одржуваат караоке-забави.
Истрагата за случајот е во тек.