Fuat Kabakcı
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, додека над 200 се повредени во тајфунот „Мангхут“, кој ги погоди кинеските јужни покраини, како и Хонг Конг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Глобал тајмс“ („Global Times“), кој е официјален медиум на кинеската Комунистичка партија, како последица на тајфунот „Мангхут“, кој ги погоди кинеските посебни административни региони, Хонг Конг и Макао, како и покраината Гуангдонг и околината, досега во покраината Гуангдонг животот го загубиле четири лица.
Во тајфунот кој достигна брзина до 165 километри на час, во Макао се повредени 18, а во Хонг Конг 213 лица.
Во Гуангдонг 2,5 милиони лица се евакуирани во безбедни места.
Поради тајфунот одложени со голем број летови, има и одложувања во железничкиот и поморскиот сообраќај, а затворени се и училиштата во покраините Гуангдонг и Хајнан, како и во Хонг Конг.