Fuat Kabakcı
27 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ПЕКИНГ (АА) - Министерството за надворешни работи на Кина ги повика на трезвеност Индија и Пакистан, каде што тензиите се зголемени, и изрази надеж дека двете земји ќе вложат напор за продолжување на долгогодишната стабилност и мир во Јужна Азија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг, на прес-конференција во главниот град на оваа земја, Пекинг, ги повика Индија и Пакистан на трезвеност.
„Изразуваме надеж дека индиската и пакистанската страна ќе најдат заеднички јазик и ќе вложат конструктивни напори со цел обезбедување долгогодишен мир и стабилност во Јужна Азија. Следиме некои настани кои во последно време се случија (во Kашмир). Исто и меѓународната заедница ги следи настаните. Ставот на Кина во оваа насока е јасен“, рече Лу Канг.
Инаку, пред две недели почнаа да се зголемуваат тензиите меѓу Индија и Пакистан.
Во бомбашкиот напад извршен на 14 февруари врз паравоен конвој во Индија, загинаа 44 војници, додека 20 војници беа ранети.
Администрацијата на Њу Делхи го обвини Пакистан поради овој напад, додека Пакистан го негираше ова обвинување и го осуди извршениот напад.
Индија на 26 февруари изврши воздушен напад врз еден камп на организацијата Џејш-и Мухамед, кој се наоѓа на пакистанската страна на Контролната линија на Кашмир.
Тензиите меѓу двете земји изутрина се претворија во воен судир.
Пакистан сруши два индиски воени авиона со образложение дека го нарушиле воздушниот простор на Пакистан. Исто така, пакистанските авиони влегоа во воздушниот простор на Индија.
Индиските медиумите соопштија дека индиската Војска срушила еден авион на Пакистан од типот „Ф-16“. Управата за цивилна авијација на Пакистан соопшти дека воздушниот простор на оваа земја е целосно затворен летови.
Индија соопшти дека аеродромите во Сринагар, Џаму и Лех, аеродромот „Чандигарх“ во покраините Харјана и Пенџап, како и аеродромите во Амритсар, кој се наоѓа во покраината Пенџап, се затворени за сите цивилни летови.
Од друга страна, според вестите на медиумите од овој регион, цивилните авиони кои требало да ги користат воздушните простори на Пакистан и Индија, или се вратиле во аеродромот од каде што полетале, или се насочиле кон алтернативни рути.
Пред судирот, од 14 февруари досега, Пакистан и Индија информираа бројни земји, меѓу кои и Турција. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, реализираше чести телефонски разговори со неговиот пакистански колега, на коишто упати препорака за трезвеност.