Fuat Kabakcı
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АНКАРА
Националниот народен конгрес на Кина го усвои Законот за национална безбедност во Хонгконг, полуавтономната кинеска територија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Законот е усвоен со 2.878 гласа на завршното заседание на годишната седница на Националниот народен конгрес и на Конференцијата на народниот политички совет на кој присуствуваа околу 5.000 делегати.
Законот за национална безбедност содржи забрана на активностите кои имаат за цел рушење на централната кинеска Влада, повикување на бунт, предавство на државата, тероризам и активности кои претставуваат закана за националната безбедност. Законот ќе стапи во сила без потреба за одобрение од локалниот Парламент на Хонгконг.
Овој закон на кој се спротивставуваат опозицијата од Хонгконг и западните земји, овозможува процесуирање на новинари, бизнисмени и активисти кои се претставувани како „предавници на државата“.