Ahmed Asmar
16 Јануари 2024•Ажурирај: 17 Јануари 2024
ТУНИС (АА) - Шефовите на дипломатиите на Кина и Тунис денес ја истакнаа потребата да се запре израелската војна во Газа, што трае повеќе од три месеци, јавува Анадолу.
Ова беше истакнато на средбата меѓу тунискиот министер за надворешни работи Набил Амар и неговиот кинески колега Ванг Ји, кој е во официјална посета на Тунис.
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Тунис, Амар рекол дека постои „конвергенција на ставовите“ меѓу двете земји за прашањата од заеднички интерес и развој на случувањата на меѓународно и регионално ниво, вклучително и за палестинското прашање.
Амар го нагласи „цврстиот став на Тунис за поддршка на обновувањето на целосните легитимни палестински права“.
Посетата на кинескиот министер за надворешни работи се случи во време кога двете нации ја слават 60-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.