Saadet Gökce
04 Април 2025•Ажурирај: 09 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес воведе царини од 34 отсто на увозот од Соединетите Американски Држави (САД), како одговор на најновиот потег на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно неделава наметна исти такви царини за кинеските производи, јавува Анадолу.
Според соопштението на Комисијата за царини при Државниот совет на Кина, новите мерки ќе стапат во сила наредниот четврток и ќе се однесуваат на сите американски производи што се увезуваат во земјата.
Во соопштението се наведува дека американските царини претставуваат „еднострано малтретирање“ и кршење на меѓународните трговски правила, при што се загрозуваат кинеските економски интереси и суверени права.
Трамп во средата потпиша извршна наредба со која наметна царини од 34 отсто на производите од повеќе земји, меѓу кои е и Кина.