EkipA
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 30 лица загинаа денес во Кина кога патнички автобус се запали при удирање во ограда на автопат во централната кинеска покраина Хунан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната радио-станица China Radio International ги цитираше властите на округот Јизханг велејќи дека голема е веројатноста возилото, кое превезувало 56 патници, да се запалило како последица на истекување на нафта.
Повредените - чиј број не е соопштен - итно се пренесени во околните болници.
Полицијата го притвори возачот на автобусот, а спасувачките екипи продолжија со истражување со истрагата.