Fuat Kabakcı
25 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
ПЕКИНГ (АА) - Осумнаесет лица го загубија животот во пожарот што избувна во еден хотел во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Шинхуа“, пожарот избувнал во еден хотел во подрачјето на Сонгбеи при Харбин, главниот град на кинеската покраина Хеилонгџјианг, при што смртно настрадале 18 лица.
Пожарникарски, безбедносни и здравствени тимови се упатени кон местото на настанот, каде што продолжуваат со операциите за спасување.
Започната е истрага околу случајот.