Fuat Kabakçı
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Поради зголемената загаденост на воздухот, во северните делови на Кина е прогласен жолт аларм, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот национален метеоролошки центар објави дека поради загаденоста на воздухот е прогласена жолта фаза во одредени подрачја на покраините Хунан, Хубеј, Хебеј, Шанси и Шенси, и во главниот град Пекинг и градот Тјенцин.
Поради загаденоста на воздухот, метеоролошкиот центар соопшти дека жолтата фаза во северните делови од државата ќе важи денеска и утре.
Системот за дефинирање на загаденоста на воздухот во државата опфаќа четири фази, и тоа сина, жолта, портокалова и црвена.
Кина, особено од 2014 година наваму, се обидува да се бори со загадувањето на воздухот. Цената на брзиот напредок и индустријализацијата ја плаќаат големите градови во Кина, кои спаѓаат меѓу најзагадените градови во светот.