Ekip
29 Јануари 2025•Ажурирај: 30 Јануари 2025
ГУАНЖУ (АА) - Градот Гуангжу, во јужната кинеска покраина Гуангдонг, вечерва ја дочека лунарната Нова 2025 година со спектакуларно шоу со дронови и огномет, јавува Анадолу.
Дел од прославата беше шоуто со стотици осветлени дронови што формираа интересни слики на ноќното небо, придружени со голем огномет.
Кинеската Нова година, позната и како Пролетен фестивал или лунарна Нова година, започнува на 29 јануари.
Заедниците што зборуваат кинески и етничките кинески групи во подрачјата како Тајван, континентална Кина, Сингапур и Малезија ги посетуваат храмовите и се молат за среќа и мир.