свет

Кина ја започна 41. истражувачка експедиција на Антарктикот

- Кинеското Министерство за природни ресурси се наведува дека бродовите мразокршачи „Шуелонг“ и „Шуелонг-2“ со товарниот брод „Јонг Шинг“ денес заминаа за Антарктикот во седуммесечна експедиција

Emre Aytekin  | 01.11.2024 - Обновена : 01.11.2024
Кина ја започна 41. истражувачка експедиција на Антарктикот

ПЕКИНГ (АА) - Кина ја започна 41. истражувачка експедиција што ќе спроведува теренски истражувања на антарктичкиот континент, јавува Анадолу.

Во соопштението на кинеското Министерство за природни ресурси се наведува дека бродовите мразокршачи „Шуелонг“ и „Шуелонг-2“ со товарниот брод „Јонг Шинг“ денес заминаа за Антарктикот во седуммесечна експедиција.

Експедицијата се состои од повеќе од 500 службеници и истражувачи од 80 институции во Кина.

Планирано е експедицијата да воспостави инфраструктура за поддршка на новата истражувачка база, станицата Кинглинг, на брегот на морето Рос на источниот дел на континентот.

За време на експедицијата е планирано да се завршат распоредот и внатрешното уредување на главната зграда на станицата Кинглинг, чија изградба е започната минатата година.

Грубата изградба на базата, која се планира да биде петта кинеска истражувачка станица на Антарктикот и прва фокусирана на пафицичкиот сектор беше изведена минатата година за време на 40. истражувачка експедиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.