Emel Gözellik
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
АНКАРА
Во североисточниот дел на Кина се урна железен мост. Во несреќата животот го загубија 7 лица, а 5-мина се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Синхуа“, во подрачјето Бинхаи во градот Тјенцин се урнал мост долг 39 метри, кој бил во процес на реновирање.
Властите информираа дека при уривањето животот го загубиле 7 лица, а 5-мина се повредени.
Повредените се префрлени во болница, а започната е истрага во врска со уривањето на мостот.