Cüneyt Karadağ
23 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) - Кинескиот уметник Аи Веивеи поднесе тужба против партнерот на германската автомобилска групација „Фолксваген“ (Volkswagen) во Данска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Соопштено е дека Аи Веивеи поднел тужба против компанијата „Фолксваген“ за неовластена употреба на неговото уметничко дело.
Споделувајќи ја неговата тужба на социјалните медиуми, Веивеи истакна дека престојувал во Данска за да присуствува на сослушувањето на судењето кое се одржува во Копенхаген.
Тој рече дека поднел жалба против компанијата, бидејќи е неетички неговото дело да се користи без дозвола како рекламен материјал.
Данскиот партнер на „Фолксваген“, „Скандинавск мотор“ (Skandinavisk Motor), при рекламирањето на портокаловиот автомобил „поло“ го користел делото на Веивеи, изработено за да привлече внимание за проблемите на бегалците.
Веивеи, делото наречено „Soleil Levant“ го изработил со 3.500 портокалови спасувачки елеци оставени на островот Лезбос. Тој делото го закачил на прозорците на Центарот за уметност во „Charlottenborg“ во Копенхаген.