İdris Okuducu
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - Во ирачкиот град Киркук е откриена масовна гробница со посмртни остатоци на 50 полицајци и војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека ги убиле припадниците на терористичката организација ДЕАШ, соопшти Воената медиумска мрежа при Министерството за одбрана на Ирак.
Тие истакнаа дека на подрачјето на селото Ал Бекаре во Киркук била пронајдена масовна гробница и дека е во тек ексхумацијата на посмртните остатоци.
Киркук е град со нерешен административен статус уште од американската инвазија на Ирак, а средиште на нова безбедносна и политичка криза стана откако Регионалната курдска управа во северот на Ирак на 25 септември спроведе нелегитимен референдум за независност.
Ирачките сили, меѓу останатото, воспоставија контрола над неколку места во Киркук и нафтени компании, воена база, рафинерија и аеродромот во тој ирачки град.
Пешмергите, лојални на партијата на Унија на курдските патриоти, се повлекоа од јужниот дел на Киркук, а ирачката војска и полицијата презедоа контрола во тој регион и од зградите го остранија знамињата на Регионалната курдска управа.