Levent Tok,Halit Süleyman
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
ИСТОЧНА ГУТА/ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од илјада мали деца на подрачјето на Источна Гута во сириски Дамаск, кој е повеќе од пет години под окупација на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, поради недостаток на храна и лекови се соочени со смрт, пишува Anadolu Agency (AA).
Во источна Гута, која ги опфаќа деловите на сирискиот главен град Дамаск и се простира на околу 105 километри квадратни, живеат околу 400 илјади цивили.

Овој регион за време на граѓанската војна во Сирија е изложен на жестоки воздушни напади, а веќе пет години е под воена окупација.
До април 2017 година, во овој регион преку тајни патишта, тунели и трговци се внесувало само одредена количина на храна.
Во последните седум месеци, откако режимските сили и страните на терористичката група уште повеќе го стегнаа обрачот околу регионот, количините на храна кои таму влегуваат се недоволни.
Кон крајот на септември оваа година во регионот влезе конвој од 42 камиони помош, во организација на ОН и Црвен крст, но таа помош беше доволна за само шест отсто од жителите и не ги содржеше основните намирници.
Според информациите на АА, регионот каде во текот на минатата недела починаа две бебиња, најмалку 1.114 мали деца биле соочени со смрт поради недостаток на храна и лекови.
Меѓу нив, за 232 деца е неопходна медицинска поддршка, додека остатокот се во група од среден ризик. Исто така, во Источна Гута најмалку 1.500 деца не се хранат здраво.
Во сирискиот регион се наоѓаат најмалку 559 лица кои боледуваат од рак, а кои се борат за живот поради неможноста за земање на хемотерапија.
Во последните три месеци починаа најмалку 20 лица кои боледуваа од рак, меѓу нив пет деца. Од вкупните потреби за хемотерапија, на болните им се обезбедува само три отсто од терапијата.
Во изминатиот период, 40 отсто од вкупно 17.700 бебиња помлади од две години имаа обезбедна медицинска поддршка, но моментално секое од нив ја очекува.
Освен тоа во регионот има и голем број на лица со инвалидитет, потоа лица со ментален инвалидитет, лица кои за време на бомбардирање останале без нога или рака, а сите оние имаат многу слаба медицинска поддршка.
Она што исто така е голем проблем за жителите во Источна Гута е и нефункционалноста на водоводната мрежа, која за време на бомбардирањето е уништена во потполност. Режимот на Асад го користи недостатокот на водата како свое оружје.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во извештајот објавен на 24 октомври објави дека во Источна Гута до сега починале 397 лица поради недостаток на храна и лекови, меѓу кои 206 деца и 67 жени.
Наведено е исто така дека руските сили и по договорот за регионите за намалување на напнатоста продолжиле со нападите, и дека од 22 јули, од кога примирјето е на сила, биле извршени најмалку 23 напади на населените подрачја.
Жителите на Источна Гута во случај да можат да дојдат до овие намирници, за килограм ориз плаќаат пет долари а за килограм шеќер 12 долари.