Nuran Erkul Kaya
28 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Транзицијата кон чиста енергија треба да се забрза во земјите во развој, кои се одговорни за повеќе од две третини од глобалната емисија на гасови, а во текот на следните 30 години ќе бидат одговорни за речиси целокупниот раст на глобалните емисии, истакна шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, на настанот „Недела на агендата“ во Давос, на Светскиот економски форум, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој советува дека е потребен глобален пристап за решавање на целите за јаглеродна неутралност, објаснувајќи дека „емисиите немаат пасош“ и додаде дека „доколку сакаме да бидеме успешни во Калифорнија со избегнување на влијанието на климатските промени, исклучително е важно што се случува во Делхи или Џакарта“.
Тој рече дека особено во азиските земји во развој емисиите се веќе загарантирани со новата инфраструктура на јаглен и фосилни горива.
„Во отсуство на забрзано преминување кон чиста енергија во овие земји, не само во производството на енергија, туку и во транспортот, индустријата и изградбата, нема можност да бидат исполнети какви било цели на глобално ниво за намалување на емисиите“, рече тој.
Во моментов, нема голем апетит од страна на инвеститорите во овие земји за расположлив капитал за забрзување на преминувањето кон чиста енергија. Меѓутоа, за „отклучување“ на таквите инвестиции за чиста енергија во земјите во развој, тој рече дека Меѓународната агенција за енергија ќе подготви конкретни препораки за тоа како треба да се спроведат конкретните политики и ќе го следи развојот на инвестирањата за чиста енергија.
„Денес, само од електраните имаме емисии од 10 гигатони“, рече тој, повикувајќи ги владите да ги забрзаат своите напори за справување со климатските промени.