Lokman İlhan
12 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
БОГОТА (АА) - Со контролирана експлозија уништен е висечкиот мост „Чирахара“ во Колумбија. Претходно, во уривањето на северниот брег на висечкиот мост, животот го загубија 9 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Висечкиот мост „Чирахара“, во должина од 446 метри, требаше да ги поврзе главниот град Богота и градот Вилависенсио. На три месеци пред завршувањето на градежните работи на мостот, на 15 јануари се урна северниот брег од овој мост. Во несреќата загинаа 9 градежни работници.
Потоа е донесена одлука, мостот да се урне во потполност. Во уривањето на мостот, користени се околу 200 килограми експлозив.
Експлозијата за само неколку секунди го урна мостот во долината, длабока 280 метри, а зад себе остави само голем облак од прашина.
По несреќата беше спроведена истрага во која е откриено дека на мостот има непоправлива грешка во дизајнот. Официјалните лица соопштија дека е потребно да се урне и преостанатиот столб од јужниот брег на мостот.